Достапни линкови

Затворен иранскиот конзулат во Авганистан


Иран го затвори конзулатот во авганистанскиот град Херат откако демонстранти ја нападнаа мисијата. Иранската новинска агенција ИРНА јавува дека конзулатот ќе биде затворен на неопределено време и дека Техеран испратил протесна нота до авганистанските власти. Во неделата демонстранти се обиделе насилно да влезат во конзулатот во знак на протест поради убиство на авганистански имигранти од страна на иранските безбедносни сили.Тие бараа од Техеран да ги предаде телата на 13- Авганистанци кои беа убиени откако нелегално ја преминале границата и влегле во Иран. Иранските власти таквите тврдења ги оценија како„неосновани“.
XS
SM
MD
LG