Достапни линкови

Власта неподготвена за предизвикот „рана фаза“?


Информациите дека за Македонија би било добро доколку самитот заврши барем со милиметарско поместување од позицијата во која сега се наоѓа, за експертите се само знак дека се наоѓаме во ситуација во која нема можност да се направи ништо повеќе, па треба да се радуваме и на милиметарски исчекор за Македонија.

Во очекување на исходот од Европскиот Самит во Брисел, дел од експертската јавност се сомнева дека македонскиот државниот врв е подготвен да одговори на предизвикот кој го сугерираше еврокомесарот Штефан Филе, односно добивање датум за преговори со услов проблемот за името да се реши во „раната фаза“.
Ако власта продолжува да го драматизира проблемот, а да не го решава, тогаш нема да го реши. Државите водат војни па за две, три години ги решаваат проблемите, не можеме ние да ги драматизираме проблемите за да не ги решаваме.
Мерсел Биљали, универзитетски професор.


Ако тоа подразбира временска рамка од неколку месеци во кои треба да се дојде до компромис за билатералниот спор со Грција, тешко дека тоа ќе се случи, вели универзитетскиот професор Мерсел Биљали.
Средба на премиерот Никола Груевски и комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ Штефан Филе.
Средба на премиерот Никола Груевски и комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ Штефан Филе.

„Ако власта продолжува да го драматизира проблемот, а да не го решава, тогаш нема да го реши. Државите водат војни па за две, три години ги решаваат проблемите, не можеме ние да ги драматизираме проблемите за да не ги решаваме.“

Информациите дека за Македонија би било добро доколку самитот заврши барем со милиметарско поместување од позицијата во која сега се наоѓа, за експертите се само знак дека се наоѓаме во ситуација во која нема можност да се направи ништо повеќе, па треба да се радуваме и на милиметарски исчекор за Македонија.
Доколку немаме напредок во скоро време, тоа на некој начин ќе биде и пораз на таа политика и проблем на политиката и на Европска Комисија и на Македонија, така што ќе треба да се бараат и други алтернативи начини како да се реши проблемот.
Бојан Маричиќ, аналитичар.

„Она што би било милиметар чекор напред е барем да има некоја рамка која ќе ни гарантира дека преговорите ќе почнат скоро, а тоа во превод ќе значи дек аќе гарантира дека ќе тргнеме на патот на решавање на овој спор“, вели аналитичарот Бојан Маричиќ.

Од она што досега можеше да се види се добива впечаток дека државниот врв не е е подготвен да дојде до брзо решение за спорот. Предлози постојано има, но јавната дебата е замрена и се се одвива зад официјалната политичка сцена, вели Маричиќ.

Дури и доколку се случи земјава да почне да го спроведува концептот на Комисијата, треба да се внимава, зошто според експертите нема враќање назад, а многу е веројатно дека решение за брзо време нема да се постигне.

„Доколку немаме напредок во скоро време, тоа на некој начин ќе биде и пораз на таа политика и проблем на политиката и на Европска Комисија и на Македонија, така што ќе треба да се бараат и други алтернативи начини како да се реши проблемот.“

Експертите се согласуваат дека се ќе биде подобро од тоа Македонија да остане во моменталната позиција, чие одолговлекување би можело само да ја продлабочи нејзината изолација и да го отежне секојдневието на македонските граѓани.

Вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи вчера изјави дека е воздржана пред денешниот состанок на министрите за надворешни работи во Брисел и оти се надева дека Унијата ќе пронајде коректна и креативна формула која на земјава ќе и овозможи да продолжи со процесот на евроинтеграции.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG