Достапни линкови

Блокираното собрание, деблокирано само за закони кои носат поени


Координативна средба со политичките партии во кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. СДСМ не присуствува. 09 јули 2012.

Координативна средба со политичките партии во кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. СДСМ не присуствува. 09 јули 2012.

Законот за бранители, законите за пензии и социјална помош и буџетот за 2013-та го блокираат собранието, но власата по итна постапка го одблокира за носење на закони кои носат политички поени.

Блокади, работа со илјадници амандмани, искористување на собраниските комисии за партиски цели, напуштање на собранието, молчење на говорница, напуштање на координации. Ова е секојдневието во македонскиот Парламент.
На секого му е јасно дека е во функција на престојните локални избори. Исто така во функција на престојните избори се става во втор план законот за бранителите, чија намена уште од старт кога беше покренат да предизвика национализам кај албанскиот и кај македонскиот електорат, со цел ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да го зголемат својот рејтинг.


Потегот на собранискиот претседател Трајко Вељаноски да закаже седница поврзана со социјални прашања, откако тоа не го стори матичната комисија е за политички поени.

Претседателката на Комисијата за труд и социјала одби да закаже нова седница се додека не се заврши со законот за бранители.
Седница на Собраниската комисија за труд и социјална политика.

Седница на Собраниската комисија за труд и социјална политика.


За поздравување е тоа што закони со социјална проблематика закон добива приоритет пред еден национално мотивиран закон, но ако владата има сериозна намера за подобрување на социјалниот стандард на граѓаните, тоа треба да го прави континуирано, вели универзитеткиот професор Здравко Савески. А зошто овие закони одат на итна постапка тоа на секого му е јасно, вели Савески.
Сите овие несогласувања во Парламентот го прават тој да биде нефункционален, го прават непотребен.

„На секого му е јасно дека е во функција на престојните локални избори. Исто така во функција на престојните избори се става во втор план законот за бранителите, чија намена уште од старт кога беше покренат да предизвика национализам кај албанскиот и кај македонскиот електорат, со цел ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да го зголемат својот рејтинг. “

Во собранието е заглавен и буџетот за следната година, за кој опозицијата поднесе над илјада амандмани. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески вчера рече дека досега за буџетот никогаш немало поднесено толку амандмани и дека вакво нешто нема никаде во Европа, па дури ни во Грција.

Инаетот и незнаењето на функциите доведе до блокада на парламентот, вели аналитичарот Алајдин Демири.

„Сите овие несогласувања во Парламентот го прават тој да биде нефункционален, го прават непотребен. Идната работа на оваа структура во Парламентот ќе биде тешка, па дури и невозможна, затоа што е веќе неиздржано толкавото поставување на ситни партиски интереси како државни интереси.“

Експерите велат дека луѓето се тие кои мора да ја осудат ваквата работа на пратениците, оти тие се избрани за да претставуваат народни, а не партиски интереси.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG