Достапни линкови

Подршка за Македонија од членови на ЕП


Претседателите на трите најбројни пратенички групи во Европскиот парламент сметаат дека Советот на ЕУ треба да одреди датум за почеток на пристапните преговори со Македонија, јавува Дојче веле.
Повторното одложување на одлуката поради противењето на Грција, според нив, носи ризици за Македонија, но и за регионот.
Станува збор за ставовите на австрискиот европратеник Јоханес Свобода, кој претседава со групата на Европските социјалисти и демократи во ЕП, за Жозеп Дол, претседателот на групата на народните партии во ЕП, и Ребека Хармс, копретседателката на групата на Зелените во ЕП.
XS
SM
MD
LG