Достапни линкови

Препораката на ЕК за Македонија пред министрите на ЕУ


Штефан Филе

Штефан Филе

Министрите за надворешни работи и европски прашања на земјите-членки на ЕУ денеска треба да решаваат во врска со предлогот на ЕК за давање датум за преговори на Република Македонија. ЕК, како што е познато, ова го услови со решавање на прашањето за името со Грција во раната фаза на преговорите. Во меѓувреме, во Скопје и Атина, се шпекулираше дека Македонија би можела да добие Условен датум за преговори со ЕУ. Тоа би значело дека земјата би започнала преговори на одреден датум доколку до тогаш се реши проблемот со Грција околу името.
Самитот на Европскиот совет што в четврток и петок ќе биде одржан во Брисел е последната инстанца која треба да ја потврди или отфрли препораката на Европкската Комисија.
XS
SM
MD
LG