Достапни линкови

Комитет за заштита на новинари: 232 новинари во затвор


Комитетот за заштита на новинарите соопшти дека годинава се затворени рекордни 232 новинари во светот.
Во извештајот објавен денеска се наведува дека членката на НАТО Турција со 49 затворени новинари е најголемиот затвор за новинарите во светот. На второ место е Иран, со 45 затворени новинари, а на трето е Кина со 32 затворени новинари.
Во извештајот на Комитетот со седиште во САД, се наведува дека најчестите обвиненија кои владите ги користат против новинарите се тероризам, предавство и субверзија.
XS
SM
MD
LG