Достапни линкови

Клинтон нема да присуствува на средбата во Мароко за сиријската опозиција


Американскиот стејт департмент соопшти дека државниот секретар не е во можност да присуствува на состанокот во Мароко поради стомачен вирус. Хилари Клинтон на средбата требаше да ја дискутира подршката за Сиријската опозиција. Властите најавија дека на нејзино место ќе биде заменик државниот секретар Вилјам Бурнс. Американските власти се изјаснија дека можат формално да ја признаат новата сиријска опозиција како легитимен претставник на сиријскиот народ.
XS
SM
MD
LG