Достапни линкови

Русија дозволи да не се обнови договорот со Азербејџан


Азербејџанското министертво за надворешни рабботи соопшти дека рокот во договорот со Русија за употреба на софистицираниот радарски систем е истечен и дека Москва не е заинтересирана за обнова на договорот. Станува збор за последната руска база во Азербејџан каде што беа сместени околу илјада руски и 500 азербејџански службеници. Радарскиот систем има опсег од 6 илјади километри. Претставници на двете земји веќе една години преговараат за продолжување на договорот, но според инфомациите во медиумите, Москва се откажа од преговорите поради барањето на Азербејџан за повисока кирија. Првичниот договор за користење на базата, изнасувал 7 милиони долари но во изминатава година Азербејџан за истиот договор бара 150 милиони долари.
XS
SM
MD
LG