Достапни линкови

Европските министри за српското прашање во Брисел


Шефот на австриската дипломатија Михаил Шпинделегер во пресрет на состанокот во Брисел на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ изјави дека пристапни преговори на Србија со Унијата може да старуваат догодина доколку Белград ги исполни критериумите за нормализација на односите со Косово.

Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле ги повика Србија и Косово да продолжат со дијалогот и да разберат дека во ЕУ територијалниот интегритет е неспорен.

Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд изјави дека проширување на ЕУ кон Балканот е од особено значење и дека дискусијата што ќе се води е оценка за тоа колкав ќе биде следниот чекор за проширување на унијата со земјите канидати за членство во Унијата. Тој додаде дека е развојот на дијалогот меѓи Белград и Приштина е попозитивен отколку што очекувал.
XS
SM
MD
LG