Достапни линкови

Над 400 килограми наркотици се запленети во Авганистан


Рускиот шеф на полицискиот сектор за контрола и следење на наркотици Виктор Иванов изјави дека при неодамнешните заеднички акции со Авганистан, Таџикистан и Русија се запленети над 400 килограми наркотици. Иванов изјави дека рации биле спроведени во 7 села во Авганистан при што учествувале 300 авганситански полицајци.Тој не ја соопшти улогата во заедничката акција на таџикистанските и руските сили. Ивановс истакна дека при акцијата биле запленети и 37 Калашникови, неколку автоматски пушки и ракетни фрлачи. При акцијата биле приведени и 13 милитанти.
XS
SM
MD
LG