Достапни линкови

Руски пратеници им одговорија на американските колеги


Руските пратеници денеска предложија закон со кој ќе се воведат санкции за американски граѓани кои се осомничени за злоупотреба на човекови права на Руси. Според предлог верзијата која беше доставена денеска во руската Дума, на осомничените ќе им биде забранет влез во Русија и замрзнати финансиските сметки во земјата. Ваквиот предлог закон е одговор на американскиот закон за кој се дебатира во Сенатот со кој се воведува забрана за виза и замрзнување на сметки на руски функционери кои се обвинети за злоупотреба на човекови права. Американскиот закон го доби името по рускиот антикорупциски активист и адвокат Сергеј Магнитски кој почина во руски притвор во 2009 година откако беше претепан. Активисти за човекови права го обвинуваат Кремљ за неуспешната истрага за неговата смрт.
XS
SM
MD
LG