Достапни линкови

Шпанија се надева на излез од кризата


Шпанската рецесија ќе биде помалку тешка отколку што се очекуваше, изјави денеска министерот за економија Луис де Гвиндос. Тој додаде дека се очекува годинава ќе ја завршри со економски пад од 1, 3 проценти и предупреди дека последниот квартал ќе биде најлош откако започна економската криза во земјата пред пет години. Министерот смета дека без разлика на рецесијата и фактот дека во земјата невработеноста достигнала стапка од 25 проценти, постојат знаци кои укажуваат дека земјата наскоро ќе почне да излегува од кризата, поради порасотот на извозот и банкарските реформи.
XS
SM
MD
LG