Достапни линкови

Лидерите на ЕУ ја примија Нобеловата награда за мир


Лидерите на Европската Унија денеска ја примија Нобеловата Награда за мир во Осло. Во име на 27-те земји членки наградата ја примија лидерите на трите главни европски институции, претседателот на Евроспкиот Совет Херман Ван Ромпуј, претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо, и претседателот на Европскиот Парламент Мартин Шулц.

Претседателот на Нобеловиот Комитет Торбјорн Јангланд при презентирањето на наградата зборуваше за улогата на ЕУ во оддржувањето на мирот на континентот по двете светски војни. Критичарите на одлуката на Нобеловиот Комитет сметаат дека ЕУ се движи од една во друга криза и дека е недостојна за наградата.

Паричната награда од речиси милион евра ќе биде наменета за проекти за помош на децата од воени зони, со тоа што Европската Унија вети дека ќе ја дуплира сумата за таа намена.
XS
SM
MD
LG