Достапни линкови

logo-print

Арифи:Воздржан оптимист за добивање датум за преговорите со ЕУ


Вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи изјави дека има воздржан оптимизам за утрешниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во Брисел на кој се очкеува да се донесе одлука дали Македонија ќе добие датум за започнување на пристапните преговори. Таа додаде дека се надева оти ЕУ ќе изнајде добра формулација која ќе овозможи земјава да остане активна во евроитегративниот процес. Арифи истакна дека без разлика на утрешниот исход Македонија ќе остане посветена на зголемување на активностите за членство во Унијата. Утре во Брисел ќе се разговара за предлогот Македонија да добие датум за преговори со препорака спорот за името да се реши во раната фаза од преговорите.
Таа истакна дека во меѓувреме се уште се работи со земјит кои имаат дилеми по однос на прашањето за почеток на преговорите на Унијата со Македонија, односно со Шпанија, Португалија и Бугарија.
XS
SM
MD
LG