Достапни линкови

logo-print

Меѓуетнички инциденти со политичка поддршка?


Меѓуетничките тепачки меѓу младите се само одраз од меѓуетничките тензии кои се создаваат на политичко ниво, сметаат дел од упатените.

Тепачките меѓу младите се рефлексија на меѓуетничките тензии кои се создаваат на политичко ниво, сметаат дел од упатените.

Партиите, кои сакаат да ги манипулираат таквите лица, многу лесно им ветуваат дека за она што ќе го направите кон другата етничка заедница нема да одговарате, утре ние ќе ве вработиме, утре ние ќе ви завршиме школо и така полека се става една јамка околу општеството и полека го затега вратот што значи дека еден ден ќе дојдеме така кажано до самоубиство.
Повеќето инциденти на насилство или соочувања во последно време се разрешени, вели портпаролот на Министерството за внатрешни работи Иво Котевски.
Скопје од птичја перспектива. Старата скопска чаршија.

Скопје од птичја перспектива. Старата скопска чаршија.


„Не само овие два, туку голем дел од инцидентите што се случија во изминатиов период се расчистени од страна на МВР, додека останатите каде што сè уште не е познат сторителот се во тек, односно се преземаат засилени мерки и активности за идентификување на учесниците и нивно соодветно процесуирање.“

Две момчиња беа истепани на автобуската станица кај Бит-пазар. Пред тоа двајца беа повредени во тепачка во автобус број 65 на булеварот Крсте Мисирков. Професор Владимир Пивоваров вели дека младата популација е најподложна на манипулации.

„Особено онаа млада популација која излегува со криминогеното подземје. Зошто? Затоа што партиите, кои сакаат да ги манипулираат таквите лица, многу лесно им ветуваат дека за она што ќе го направите кон другата етничка заедница нема да одговарате, утре ние ќе ве вработиме, утре ние ќе ви завршиме школо и така полека се става една јамка околу општеството и полека го затега вратот што значи дека еден ден ќе дојдеме така кажано до самоубиство.“

Постои ризик неквалитетот и криминалното однесување да се рефлектира во самите институции, вели Пивоваров.

„Обично имавме ситуации каде што лица со досиеја беа вработувани во МВР каде што не смеат ни да припарат. Токму затоа народот ја губи довербата во институциите.“

Главното прашање е зошто дојдовме во ситуација граѓаните да станат зависни од политичките партии на власт, смета Пивоваров.

„Прашањето е многу јасно за она што се случува во последно време. Исклучително партиите се тие што решаваат за судбината на младите луѓе. Не е битно дали тој е квалитетен студент, дали бил најдобар итн., битно е партијата да каже кој треба да влезе на кое работно место“, вели Пивоваров.
XS
SM
MD
LG