Достапни линкови

Морси и ги прошири овластувањата на армијата


Египетскиот претседател Мухамед Морси и дал овластување на армијата да апси и да соработува со полицијата до објавувањето на резултатите од референдумот за новиот устав, кој ќе се одржи на 15-ти овој месец. Во декретот на Морси се вели дека армијата мора да и помогне на полицијата во одржувањето на редот и во заштитата на државните институции. Тенкови се распоредени околу претседателската палата во Каиро уште во минатата недела, по судирите меѓу противниците и подржувачите на претседателот Морси, но армијата соопшти дека ќе остане неутрална и оти нема да се конфронтира со граѓаните.
XS
SM
MD
LG