Достапни линкови

Лекарите задоволни од подготвеноста на Груевски за преговори


Протестен марш на лекарите специјалисти од Клинички центри од Македонија пред Владата.
Протестен марш на лекарите специјалисти од Клинички центри од Македонија пред Владата.

Лекарите ја поздравуваат подготвеноста за преговори на премиерот Никола Груевски, но ќе продолжат да штрајкуваат сè додека не биде постигнат договор.

Од Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар ја поздравуваат брзата реакција од страна на премиерот Никола Груевски и подготвеноста за преговори, но ќе продолжат да штрајкуваат сè додека не биде постигнат договор. Груевски им порача на лекарите дека е подготвен да разговара за евентуални измени во бодирањето, но не и за укинувањето на моделот плаќање по учинок.
Да појасниме во врска со плаќањето по учинок, ние никогаш не сме биле против принципот на плаќање по учинок, туку исклучиво против овој модел и овој модел мора да претрпи модификации, не само во еден сегмент, туку во повеќе сегменти. Добро е што премиерот го гледа тоа и се надевам дека тој дел од барањето на некој начин ќе го решиме.
Доктор Дејан Ставриќ, претседател на Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар.

„Да појасниме во врска со плаќањето по учинок, ние никогаш не сме биле против принципот на плаќање по учинок, туку исклучиво против овој модел и овој модел мора да претрпи модификации, не само во еден сегмент, туку во повеќе сегменти. Добро е што премиерот го гледа тоа и се надевам дека тој дел од барањето на некој начин ќе го решиме“, вели претседателот на синдикатот Дејан Ставриќ, кој ги негира обвинувањата дека штрајкот има политичка позадина.

Според него, сите одлуки се носат со консензус и на барање на сите членови на синдикатот.

„Во тие 1.400 луѓе има многу повеќе припадници на ВМРО-ДПМНЕ, отколку што имаше на контра-протестот, што беше исклучиво партиски митинг со исклучиво членови на ВМРО-ДПМНЕ и не лекари.“

Ставриќ најавува и тужби за пропагандата која се води во некои медиуми кои во јавноста пласираат невистини, односно дека штрајкуваат против 20 отсто зголемување на плата и 100 милиони инвестиции во здравството.

„Прво не е точно дека платата е зголемена за 20 отсто. Во досега спроведениот модел по учинок кај лекарите, на многу помал дел им е зголемена платата за 20 отсто, а на многу поголем дел им е намалена платата, така што статистиката може да покаже дека е намалена масата на пари за плати. Стоте милиони евра инвестиции се за поздрав, но тоа е обврска што секоја влада треба да ги прави, значи тоа се пари од осигурениците.“

Според Груевски ниту една влада досега не вложила толку инвестиции во здравството и моделот плаќање по учинок се подготвувал години наназад пред Никола Тодоров да стане министер за здравство.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG