Достапни линкови

logo-print

Протести и контрапротести во Египет


Противниците на египетскиот претседател Мухамед Морси повикаа на масовни улични протести, по одлуката на Морси да продолжи да го турка референдумот за контроверзниот нацрт-устав. Морси го укина Декретот што претходно го донесе, а со кој си ги прошири овластувањата и предизвика големи насилни протести, само неколку месеци откако дојде на власт. Референдумот за новиот устав, кој доби поддршка од Собранието во кое мнозинство имаат исламистите, треба да се одржи на 15 декември. Главната опозициска коалиција во Египет, Националниот ослободителен фронт повика на масовни протести против нацрт-уставот, со образложение дека „не го претставува египетскиот народ“. Опозициското Младинско движење 6 Април, пак, оцени дека одлуката на Морси за повлекување на декретот е „политички маневар за луѓето да се доведат во заблуда“.
Исламистичките движења, вклучувајќи го и Муслиманското братство, кои се на страната на претседателот, исто така, повика на масовни протести закажани за утре.
XS
SM
MD
LG