Достапни линкови

logo-print

Романија -премиерот победува, покажуваат анкетите


Излезните анкети од парламентарните избори во Романија покажуваат дека лево-центристичката влада ќе освои мнозинство. Анкетите покажуваат дека коалицијата на премиерот Виктор Понта освоила околу 57 отсто од гласовите на вчерашните избори. Десно-центристичката коалиција на претседателот Трајан Басеску освоила околу 18 отсто од гласовите. Првичните официјални резултати се очекуваат за денеска. Обилните снежни врнежи го отежнаа превозот, па одѕивот беше под 40 отсто. Сè уште е нејасно дали претседателот Басеску ќе му до даде мандатот за формирање нова влада на премиерот Понта. Изминатава година ја одбележаа големи политички несогласувања меѓу Басеску и Понта.
XS
SM
MD
LG