Достапни линкови

logo-print

Авганистан - убиен војник кој спасувал американски лекар


Белата куќа соопшти дека еден американски војник загинал во мисија за спасување на американскиот лекар Дилип Џозеф кој беше киднапиран од талибанците. Според описот во соопштението, загинатиот бил или специјално обучен оперативец или командос. Во мисијата за спасување во источен Авганистан биле убиени најмалку седуммина талибанци. Џозеф беше киднапиран на 5 декември во провинцијата Кабул.
XS
SM
MD
LG