Достапни линкови

Убиени демонстранти во Јужен Судан


Најмалку десет демонстранти загинаа денеска Јужен Судан откако војската отворила оган кон нив. Демонстрантите се незадоволни од одлуката за промена на седиштето на локалната власт надвор од главниот град. Во соопштението на мисијата на ОН во земјата е наведено дека војската отворила оган врз демонстрантите со што очигледно е дека војската покажува прекумерна употреба на сила. Војската соопшти дека е отворена истрага за да се провери оправданоста на таквата мерка, односно да се утврди дали е основано сомнението дека дел од демонстрантите биле вооружени. Јужен Судан стана независна држава во јули 2011 откако се одвои од Судан
XS
SM
MD
LG