Достапни линкови

Протест против приватизација на здравството во Шпанија


Неколку илјади луѓе денеска излегоа на протести во Мадрид поради намалување на буџетот и владините планови за приватизација на дел од здравствeните служби.
Шпанската полиција тврди дека на демонстрациите излегле околу 5 илјади луѓе додека организаторите тврдат дека станува збор за 75 илјади луѓе. На здрaвствените работници кои го организираа протестот поддршка им пружиле и луѓе кои не се вработени во здравстените институции но сепак биле облечени во бела и сина боја, односно во боите на болничките униформи. Организаторите сметаат дека е погрешно да приватизираат дел од здравствените институции без притоа да се проба да се заштеди на поинаков начин.
XS
SM
MD
LG