Достапни линкови

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за партиските вработувања во Струмица


Владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека градоначалникот на Струмица Зоран Заев продолжува со партизација на општината и дека непосредно пред локалните избори е објавен оглас за вработување на 40 лица на неопределено време во јавното претпријатие за комунална дејности „Комуналец“.Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски изјави дека при вработување во оппштината предност имаат членовите на СДСМ.
На ова реагираше Заев кој во писмената реакција истакна дека вработува луѓе, но дека многу од нововработените се членови и симпатизери на ВМРО- ДПМНЕ, кои дошле до егзистенција за себе и за своите семејства, благодарение на ангажманот на градоначалникот. Во продолжение на соопштението е наведено дека градоначалникот вработува луѓе затоа што Струмица расте и се развива а со тоа и се зголемува потребата од повеќе вработени во јавните претпријатиа.
XS
SM
MD
LG