Достапни линкови

Нетанјаху: Хамас не сака компромис со Израел


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека коментарите на лидерот на палестинското движење Хамас Халид Мешаал покажуваат оти нивна цел е да го уништат Израел. Нетанјаху изјави дека уште еднаш го видел вистинското лице на непријателот и дека Хамас нема никаква желба за компромис со Израел. Халид Мешаал на вчерашната прослава во Газа по повод 25 годишнината од основањето на Хамас изјави дека и натаму ќе ја продолжи борбата против Израел.
XS
SM
MD
LG