Достапни линкови

Иран понуди алтернатива на Јутјуб


Иран пушти во употреба нов сајт за споделување на видеа за кој властите сметаат дека ќе му конкурира на Јутјуб со тоа што ќе ги привлече корисниците кои го говорат персискиот јазик. Новата интернет страница „Мер“ е дел од стратегијата на иранските власти за да им понудат на интернет корисниците алтернатива на странските страници чии содржини се осудени како неисламски. Властите најавија дека наскоро ќе лансираат своја национална интернет мрежа која ќе биде одвоена од глобалната. Иран постојано го цензурира Јутјуб од 2009 година по претседателските избори и се обиде да го блокира пристапот на Фејсбук, Твитер и останати популарни западни социјални мрежи. САД го обвини Иран дека сака да ги отсече своите граѓани од останатиот свет.
XS
SM
MD
LG