Достапни линкови

logo-print

Хероин вреден 100 илјади евра запленет на Богородица


На граничниот премин Богородица се запленети 1.300 грама хероин со што е пресечен меѓународен канал за недозволена трговија со дрога на релација Турција - Македонија. Дрогата е пронајдена вчера кај 25-годишниот патник од Куманово кој дрогата ја пренесувал скриена околу половината. Дрогата е предадена на вештачење во Одделот за криминалистичка техника на МВР при што е утврдено дека се работи за хероин со висок квалитет кој на нарко пазарот би достигнал цена до 100.000 евра.
XS
SM
MD
LG