Достапни линкови

Хоџај:Наскоро ќе се отворат канцеларии за врски во Белград и Приштина


Министерот за надворешни работи на Косово Енвер Хоџај изјави дека следните денови ќе му предложи на премиерот Хашим Тачи тројца дипломати, од кои ќе биде избран „амбасадорот“ на Косово во Белград, јавуваат српските медиуми. Тој истакна дека косовскиот дипломат ќе работи во посеба канцеларија за Косово или во рамки на просториите, кои ги користат меѓународните организации, односно Европската унија. Хоџај додаде дека тоа ќе биде канцеларија за врски на Косово во Белград, а Србија исто така ќе има иста канцеларија на Косово.
XS
SM
MD
LG