Достапни линкови

Сириската влада ја префрли топката за хемиското оружје кај бунтовниците


Сириската влада соопшти дека бунтовниците може да употребат хемиско оружје во нивната борба против силите на претседателот Башар Ал Асад. Министерот за надворешни работи изјави дека бунтовниците ја имаат под контрола фабриката во источниот дел на Алепо. Но режимот повтори дека никогаш нема да употреби хемиско оружје против својот народ. Британскиот секретар на надворешни работи Вилијам Хејг изјави дека има доказ оти владата на Асад може да употреби хемиско оружје во 21- месечниот конфликт, но не соопшти детали. Генералниот секретар на Обединетите НАЦИИ Бан Ки Мун изјави дека ако се употреби хемиско оружје врз народот тоа ќе биде „невиден злостор“. Во меѓувреме и натаму се водат жестоки битки во близина на главниот град Дамаск.
XS
SM
MD
LG