Достапни линкови

Иран заплени 11 тони дрога


Иранската полиција соопшти дека запленила 11 тони наркотици на границата со Пакистан. Иранските медиуми јавуваат дека е запленето 10 тони опиум и еден тон хашиш во 36 часовната операција. Еден од дилерите загина при судирот со полицијата, а неколкумина се повредени, додека дел од дилерите успеале да побегнат во Пакистан. Полицијата соопшти дека во изминатава година запленила над 350 тони дрога.
XS
SM
MD
LG