Достапни линкови

Чавес повторно боледува од рак


Венецуелскиот претседател Хуго Чавес изјави синоќа дека кубанските лекари му откриле нов малигнен тумор, поради што ќе мора повторно да замине на операција.
Чавес, кој беше реизбран за нов мандат на 7 октомври за прв пат изјави дека доколку дојде до влоушување на неговата здравствена состојба, негов наследник на функцијата ќе биде сегашниот заменик-претседател Николас Мадуро.
Тој во телевизиското обраќање истакна дека анализите, кои во Куба му се направени оваа недела, покажуваат дека ракот во неговото тело метастазирал.
XS
SM
MD
LG