Достапни линкови

Многу корупција, малку странски инвестиции


Слободна економска зона Бунарџик кај Скопје.

Слободна економска зона Бунарџик кај Скопје.

Инвеститорите не сакаат да вложуваат пари во земја која има висок степен на корупција, велат економистите. Македонија е на 69 место според индексот на перцепција на корупција во светот.

Странски директни инвестиции не може да има во земја како Македонија каде најкоруптивни области се политиката и судството, велат упатените. Во годишниот извештај на Транспаренси Интернејшнал Македонија се најде на 69 место по корупција во светот. Според него, политиката и судството се најподмитливите области, а најчесни се во царината, полицијата и приватниот сектор.
Впечаток на банана држава, впечаток на авантуристички капитал, на сомнителен капитал, каде што се инвестира во тие области, каде што идејата да се исцица што е можно повеќе некоја област, каде што имаме заштитени, привилегирани, монополски, полумонополизирани состојби на пазарот.

Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов вели дека инвеститорите не сакаат да вложуваат пари во земја која има висок степен на корупција.

„Впечаток на банана држава, впечаток на авантуристички капитал, на сомнителен капитал, каде што се инвестира во тие области, каде што идејата да се исцица што е можно повеќе некоја област, каде што имаме заштитени, привилегирани, монополски, полумонополизирани состојби на пазарот. Такви инвеститори влегуваат во државата. Не влегуваат или ретко влегуваат, барем не со големи суми, со седумцифрени, кои се спремни конкурентно да настапуваат на нашиот пазар.“

Поранешниот министер за финансии и потпретседател на Транспарентност Македонија Џевдет Хајредини вели дека факт е оти приливот на странски инвестиции е катастрофален, а причините за таквата состојба се комплексни.
Во секој случај, најбитна е политичката и безбедносната ситуација во земјата и неизвесноста на иднината на Македонија и политиките што ги води владата. Денеска да се убеди граѓанин на Македонија дека премиер на Македонија да се однесува така ненормално, да трча по Кина, Индија, Средниот Исток, Далечниот Исток, Америка и со тоа да дојдат инвестиции, тоа е апсурд што е очигледен.

„Во секој случај, најбитна е политичката и безбедносната ситуација во земјата и неизвесноста на иднината на Македонија и политиките што ги води владата. Денеска да се убеди граѓанин на Македонија дека премиер на Македонија да се однесува така ненормално, да трча по Кина, Индија, Средниот Исток, Далечниот Исток, Америка и со тоа да дојдат инвестиции, тоа е апсурд што е очигледен“, вели Хајредини.

Според Витанов, борбата со корупцијата тапка во место.

„За жал не гледам изглед тоа да се реши, и тоа не само од актуелната власт, туку не гледам дека ништо посебно не најавува ни опозицијата по однос на тоа прашање. Тоа е истата таа опозиција која кога беше на власт имавме исто такво корумпирано општество. Значи, дефинитивно Македонија треба во сите области да сврти нова страна ако сака да тргне напред. Ако не, ќе си живееме во агонија“, вели Витанов.

И Хајредини вината ја лоцира кај политичките лидери.

„Не може ни опозицијата да е одговорна за корупцијата, ни граѓанскиот сектор. Функционерите од партијата на власт се носители на корупцијата секаде, па и во Македонија“, вели Хајредини.

Според извештајот, има показатели дека државата прави напори против оваа појава, но тоа не е доволно.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG