Достапни линкови

logo-print

Баку домаќин на првите Европски игри во 2015 година


Церемонија за отворањето на Светското фудбалско првенство за жени под 17 години во Баку на 22 септември 2012 година.

Церемонија за отворањето на Светското фудбалско првенство за жени под 17 години во Баку на 22 септември 2012 година.

Главниот град на Азербејџан Баку ќе биде домаќин на првите Европски игри во 2015 година. Одлуката беше донесена денеска во Рим, откако Генералното собрание на Европскиот олимписки комитет(ЕОК) го прифати предлогот на почнат да се организираат континентални игри. Претседателот на ЕОК Пат Хики предложи воведување вакво натпреварување пред три години. ЕОК соопшти дека настанот не претендира да стане конкурент на Олимписките игри. Натпреварувањето, чиј датум на одржување треба допрва да се утврди, ќе вклучува околу 15 спортови. Баку се кандидираше за домаќин на Олимписките игри во 2020 години, но не успеа да влезе во потесниот избор.
XS
SM
MD
LG