Достапни линкови

Хамас не отстапува „од една педа од Палестина“


Лидерот на Хамас Халид Мешаал пристигнува во Појасот Газа.

Лидерот на Хамас Халид Мешаал пристигнува во Појасот Газа.

Лидерот на Хамас Халид Мешаал изјави дека неговата организација отфрла какви било „отстапки од една педа од Палестина“. Зборувајќи на собирот по повод 25-годишнината од основањето на Хамас во Газа, тој рече:

„Не може да го признаеме легитимитетот на окупацијата на Палестина или да го признаеме Израел.“

Мешаал вчера пристигна во првата негова посета на Појасот Газа, иако Хамас таму е на власт. Пред две недели Хамас и Израел влегоа во осумдневен конфликт во кој загинаа околу 170 Палестинци, шестмина Израелци. Конфликтот заврши со примирје под посредство на Египет.

Мешаал вчера вети дека „ќе чекори по патот на помирување со Фатах“. Локалните водачи на Фатах присуствуваат на денешниот собир на Хамас, прв пат по 2007 година, кога Фатах изгуби во кратката граѓанска војна со Хамас.
XS
SM
MD
LG