Достапни линкови

logo-print

Врачени државните награди „Св. Климент Охридски“


Доделување на државните награди „Св. Климент Охридски.

Доделување на државните награди „Св. Климент Охридски.

Денеска беа врачени државните награди „Св. Климент Охридски“. Во областа на образованието наградата му беше врачена на професорот Ѓорѓи Павловски, во културата на актерот Бранко Ѓорчев, а во здравството годинашни лауреати се дерматовенерологот Ѓорѓи Гоцев и кардиологот Антонио Георгиев.

Одлуката за наградите ја донесе Одбор под претседателство на академик Вера Битракова Грозданова, која во оваа прилика истакна дека живееме во време на изместени вредности, но оти духот и делото на Климент Охридски се се уште присутни меѓу нас.

Државната награда „Св.Климент Охридски“ се доделува за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија.
XS
SM
MD
LG