Достапни линкови

Полицијата доби позитивен извештај од ОБСЕ


Македонската полиција го доби шестиот најпозитивен извештај во изминатите 10 години, што го изработува ОБСЕ на секои две години, кој покажува голем напредок постигнат по повеќе прашања од 2010 година наваму, покажуваат резултатите од денеска промовираното двегодишно „Истражување за полициското работење во заедницата”, реализирано од страна на ОБСЕ.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска нагласи дека најголемо признание за стработеното, но и огромен поттик за во иднина е довербата на граѓаните во полицијата. Имено, анкетата направена со 2.600 граѓани по случаен избор и 500 полициски службеници во текот на летото, покажува дека речиси две третини од испитаниците и веруваат и ја почитуваат полицијата во нивните средини, што е над европскиот просек од 42 проценти од граѓаните кои и веруваат на полицијата.

„Се уште постои голема разлика во перцепцијата на полициското работење од страна на различните етнички групи, но охрабрува податокот дека од 6 до 10 проценти за овие години, е зголемен бројот на граѓани кои сметаат дека полицијата се однесува фер и еднакво кон сите“, рече министерката за внатрешни работи.
XS
SM
MD
LG