Достапни линкови

Жестоки битки во близина на Дамаск


Сириската организација за заштита на човекови права со седиште во Лондон соопшти дека жестоки битки се водат во близина на Дамаск. Во соопштението е наведено дека армијата бомбардирала опозициски засолништва во јужниот дел на градот. Во петокот сириските бунтовници се изјаснија дека меѓународниот аеродром во Дамаск е „легитимна цел“ во обид да се прекинат резервите на режимот. Судирите предизвикаа прекин во комерцијалните летови во изминатава недела, додека властите тврдат дека аеродоромот се уште функционира. Над 42 илјади луѓе загинаа во 20 месечниотсириски конфликт.
XS
SM
MD
LG