Достапни линкови

Вељановски:Ставот на Иванова е нeгативен преседан


Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во интервју за новинската агенција МИА изјави дека не би сакал да помисли дека еден важен документ како буџет на држава би можелo да биде опструиран и условен поради остварување одредени партиски цели и оти со тоа се загрозува остварувањето на една од уставните функции на државата - социјалната димензија. Вељаноски изјави дека е приморан в понеделник да закаже седница на Комисијата за труд и социјална политика на која ќе бидат разгледани девет закони од социјалната сфера, затоа што се изминати сите рокови за нивно донесување.
Ставот на претседателката на комисијата „додека не помине овој закон да не биде закажана друга седница“ го оцени како негативен преседан.
XS
SM
MD
LG