Достапни линкови

И Фатах на прослава на Хамас


Лидерот на Хамас, Калед Мешал.

Лидерот на Хамас, Калед Мешал.

Десетици илјади Палестинци се очекува денеска да учествуваат на митингот во Газа по повод 25-годишнината од основањето на Хамас. Се очекува лидерот на исламистичката група, Калед Мешал, да се обрати на митингот. Неговата посета на Газа доаѓа на само две недели по крајот на осумдневниот конфликтот со Израел при што загинаа околу 170 Палестинци и шестмина Израелци. Кризата заврши откако Египет посредуваше за прекин на огнот. И локалните лидерите на Фатах треба да присуствуваат на митингот, а тоа ќе биде прв пат фракцијата на палестинскиот претседател Махмуд Абас да учествува на еден ваков настан. Фатах и Хамас во 2007 година водеа кратка граѓанска војна во Газа.
XS
SM
MD
LG