Достапни линкови

Во Египет продолжуваат разговорите за излез од кризата


Протест во Египет.

Протест во Египет.

Египетскиот претседател Мухамед Морси денеска треба да продолжи со разговорите за тоа како да се изнајде начин да се стави крај на кризата во земјата и покрај ветувањата од страна на опозициските лидерите дека ќе се држат настрана.

Египет е потресен од немири, откако на 22 ноември Морси си доделени широки овластувања. Неговите противници сакаaт Морси да го укинe декретoт со кој си даде овластувања над законот и да го одложи референдумот за уставот.

Во петокот, неговиот заменик рече дека Морси е подготвен да го одложи референдумот, ако тоа може да се направи без правен предизвик.

Во меѓувреме, гласањето на државјаните на Египет кои живеат во странство, кое требаше да започне денеска се одложи за 12 декември.

Синоќа противници на Морси ја пробија бодликава жица за да протестираат пред претседателската палата. Армијата постави бодликава жица по судирите во средата вечерта меѓу поддржувачите и противниците на Морси во кои загинаа најмалку пет луѓе, а стотици беа повредени.
XS
SM
MD
LG