Достапни линкови

Временска прогноза - студено и дождливо


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег и дожд во пониските места и само снег на планините. Ќе дува засилен ветер од јужен правец. Врнежите се очекува да бидат поинтензивни во текот на ноќта и во недела претпладнето кога се очекува да се формира и нова снежна покривка на повисоките места и на планините.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до нула, а дневната од два до осум степени.

Во Скопје дневната температура ќе се искачи до четири степени.

И утре ќе се задржи облачно и студено време со врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од минус два до четири степени.
XS
SM
MD
LG