Достапни линкови

Комисијата за труд и социјала заглави меѓу власта и опозицијата


Претседателката на Комисијата за труд и социјална политика Цветанка Иванова денеска писмено го известила претседателот на Собранието Трајко Вељаноски дека нема да закаже нова седница на Комисијата додека владините партнери не го одблокираат носењето на Законот за бранители.
- Затоа, претседателот на Собранието не мора да чека до понеделник, туку веднаш нека ја свика Комисијата за труд и социјална политика и од тој момент нека ја преземе одговорноста и за расправата по Законот за бранители, изјави Иванова.
Претседателката на Комисијата ги отфрли тврдењата дека таа или нејзината партија ги довеле под прашање зголемувањето на пензиите и другите социјални трансфери.
Според неа, Комисијата за труд и социјална политика е блокирана исклучиво поради договорениот политички хаос на владините коалициски партнери.

Претседателката на собраниската Комисија за труд и социјална политика Цветанка Иванова има деловничка, политичка и морална обврска да свика посебна седница на Комисијата, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Иванова.
XS
SM
MD
LG