Достапни линкови

Медицинската сестра од болницата во која беше Кејт, е пронајдена мртва


Медицинската сестра од болницата во Лондон, која го прими повикот од новинарка на австралиско радио, која лажно и се претставила како кралицата Елизабета, е пронајдена мртва. Полицијата сеуште не ја знае причината за нејзината смрт. Болницата вчера се извини за постапката на сестрата која и раскажала на новинарката, мислејки дека е кралицата, детали за здравствената состојба на бремената сопруга на принцот Вилијам, Кејт. Во соопштението од лондонската болница се изразува шокираност и тага поради смртта на медицинската сестра, која работела таму 4 години.
.
XS
SM
MD
LG