Достапни линкови

Легализација на марихуаната во Чешка, но само како лек


Чешкиот парламент го одобри законот со кој се легализира употребата на марихуана за медицински цели. Овој закон, за да стапи во сила, треба да биде одобрен и од Сенатот. Според законот, регистрирани фирми, со спосебна дозвола ќе ја одгледуваат марихуаната, а на пациентите ќе им биде потребен рецепт од лекар за да добијат марихуана во аптеките. Но, терапијата нема да биде покриена од здравственото осигурување. Марихуаната во некои европски земји и во делови од САД се користи за ублажување болки кај хронично болните, како и кај некои заболени од рак.
XS
SM
MD
LG