Достапни линкови

Клинтон: Асад мора да си оди


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска ги повика сите меѓународни фактори со влијание врз Сирија,да направат дополнителен притисок за запирање на конфликтот во таа земја. Таа оцени дека немало голем прогрес за време на нејзините вчерашни разговори во Даблин со рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров и пратеникот на Обединетите Нации, Лахдар Брахими. Сeпак, Клинтон нагласи дека со Лавров се договориле да ги подржат напорите за медијација на сите страни во Сирија во врска со политичката транзиција. Но, додаде Клинтон, претседателот Башар Ал Асад мора да си замине од функцијата. Инаку, Хилари Клинтон денеска беше во посета на Белфаст, Северна Ирска.
XS
SM
MD
LG