Достапни линкови

За автопатот Косово - Македонија се потребни 793 милиони евра


За изградба на автопатот кој Косово го поврзува со Македонија, според проценките на косовската Влада, потребни се 793 милиони евра, јави МИА.
Автопатот претставува продолжување на трасата Врмица-Мердаре, која пак претставува продолжение на автопатот Драч-Кукс-премин Морина, на албанско-косовската граница.
Автопатот ќе почнува од Липљан каде ќе има голем кружен тек, кој ќе биде и прва клучка на автпатот, кој ќе го поврзува косовскиот главен град со граничниот премин Блаце, на границата со Македонија. Со цел трасата да добие што подобра насока, реката Лепенец ќе биде пренасочена.
Проектот е изготвен во 2010 година, а изградбата се планира да почне во почетокот на 2013, за чија цел косовската Влада со буџетот за наредната година издвои 30 милиони евра.
XS
SM
MD
LG