Достапни линкови

Има ли фајде од протести во Македонија?


Работна средба на највисоко ниво помеѓу четирите опозициски партии ЛДП, ВМРО-НП, Обединети за Македонија и Достониство. Андреј Жерновски, Љубчо Георгиевски, Стојанче Ангелов и Јагода Митревска на 4 април 2012 година.

Работна средба на највисоко ниво помеѓу четирите опозициски партии ЛДП, ВМРО-НП, Обединети за Македонија и Достониство. Андреј Жерновски, Љубчо Георгиевски, Стојанче Ангелов и Јагода Митревска на 4 април 2012 година.

Доколку на овие избори констатираме макар еден обид за фалсификување на изборите, макар еден обид за измама на волјата на гласачите, ние ќе излеземе на улица, вели лидерот на ЛДП Андреј Жерновски.

Претставници на здружената опозиција најавуваат протести во случај на неправилности на претстојните локални избори. Политиколозите велат дека ваквата иницијатива може да има ефект.
Очигледно тие не се прифатија, што се разбира остава еден отворен сомнеж, не кај политичките партии, туку кај граѓаните воопшто, дека нема спремност за фер и демократски избори. Сакам нешто отворено да порачам преку ова интервју, сега зборувам во име на ЛДП, но верувам дека тоа ќе биде и став на опозицијата, бидејќи тоа го туркам и во разговорите. Доколку на овие избори констатираме макар еден обид за фалсификување на изборите, макар еден обид за измама на волјата на гласачите, ние ќе излеземе на улица.

Претседателот на Либерално-демократската партија Андреј Жерновски, во неделното интервју за Радио Слободна Европа, вели дека очигледно е дека не се прифатени забелешките на меѓународните организации при менувањето на изборниот законик.
позициските лидери го потпишува договорот за коалиција. Стојанче Ангелов (Достоинство), Љубчо Георгиевски (ВМРО-НП), Бранко Црвенковски (СДСМ), Андреј Жерновски (ЛДП), Раде Милососки (ОМ) на 23 октомври 2012 година во Скопје.

позициските лидери го потпишува договорот за коалиција. Стојанче Ангелов (Достоинство), Љубчо Георгиевски (ВМРО-НП), Бранко Црвенковски (СДСМ), Андреј Жерновски (ЛДП), Раде Милососки (ОМ) на 23 октомври 2012 година во Скопје.


„Очигледно тие не се прифатија, што се разбира остава еден отворен сомнеж, не кај политичките партии, туку кај граѓаните воопшто, дека нема спремност за фер и демократски избори. Сакам нешто отворено да порачам преку ова интервју, сега зборувам во име на ЛДП, но верувам дека тоа ќе биде и став на опозицијата, бидејќи тоа го туркам и во разговорите. Доколку на овие избори констатираме макар еден обид за фалсификување на изборите, макар еден обид за измама на волјата на гласачите, ние ќе излеземе на улица“, вели Жерновски.

Имајќи ги предвид случувањата и протестите во последниве година и пол, може да се очекува ефект и ако опозицијата излезе на улица, вели политикологот Соња Стојадиновиќ.

„Протестите поради убиството на Мартин Нешкоски, па преку протестите на синдикалците и протестите на АМАН, мислам дека сега ќе има ефект ако излезат на улица, бидејќи народот ќе препознае, може да кажеме лидер, кој ќе ги обедини против еден заеднички во наводници непријател, бидејќи сите тие групи кои излегуваа на протести во последниве година и пол имаа заеднички, пак ќе кажам во наводници, непријател, а тоа беа постапките на владата.“

Не може да се очекува ефект како во Словенија, вели Стојадиновиќ.

„И да присилиме некои функционери да дадат оставка, но сепак мислам дека ќе има озѕив и ќе се прати доволно силна порака за да се раздрма целото владејачко милје.“

Неправилностите во Македонија веќе станаа правило, смета политикологот Алајдин Демири.

„Неправилностите уште сега се спремаат, со непрочистување на списокот, со фиктивни гласачи, тие се околу 300 илјади. Тоа го знае и власта и опозицијата, затоа што истото порано го правеше и сегашната опозиција.“

Од останатите опозициски партии од здружената опозиција засега се недостапни за коментар на најавите од ЛДП.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG