Достапни линкови

logo-print

АМАН почна да собира потписи


Macedonia -- Citizens' initiative "Aman" organizes protests against the price of electricity, steam and oil, 21Aug2012

Macedonia -- Citizens' initiative "Aman" organizes protests against the price of electricity, steam and oil, 21Aug2012

Во граѓанската иницијатива АМАН се убедени дека во наредните 30 дена ќе се соберат потребните 10 илјади потписи за враќање на ефтината тарифа на струјата

Со надеж дека ќе соберат и многу повеќе од потребните 10.000 потписи, граѓанското здружение АМАН ја почна иницијативата за враќање на евтината тарифа за струјата и укинување на одлуката за плаќање услуги на граѓаните кои се исклучиле од мрежата на Топлификација. Александар Гочев од АМАН е убеден дека во наредните 30 дена ќе се соберат потребните потписи, и оти интересот кај граѓаните е голем.
Најавивме и побаравме поддршка од претседателите на најголемите политички партии, Никола Груевски, Бранко Црвенковски, Али Ахмети и Мендух Тачи, но и од сите помали политички партии, да излезат и да се потпишат на оваа иницијатива, односно да покажат дека се блиски со народот и дека работат во корист на народот.

„Најавивме и побаравме поддршка од претседателите на најголемите политички партии, Никола Груевски, Бранко Црвенковски, Али Ахмети и Мендух Тачи, но и од сите помали политички партии, да излезат и да се потпишат на оваа иницијатива, односно да покажат дека се блиски со народот и дека работат во корист на народот.“

Граѓаните кои ги прашавме велат дека со задоволство ќе се потпишат на барањата на АМАН. Ова што ни се случува не се издржува, платите стојат во место, а цените одат нагоре, велат анкетираните, според кои граѓаните треба да се поорганизирани и одлучни во борбата за своите права.

„Затоа што ова веќе е навистина неподносливо, некој што плаќал во просек до 2.500, сега да плаќа 5.000. Со 10 илјади плата колку може да издржи?“

„100 отсто би дала од себе да се потпишам.“
Ова веќе е навистина неподносливо, некој што плаќал во просек до 2.500, сега да плаќа 5.000. Со 10 илјади плата колку може да издржи?

„Нема проблем да се потпишам за една таква иницијатива, секому му одговара, кому не му одговара.“

„Вака поединечно да излезат 20 или 50 луѓе ништо не правиме, треба поорганизирано, помасовно и пожестоко“, велат анкетираните граѓани.

Но, на прашањето дали веруваат дека иницијативата ќе успее, од сите добивме негативен одговор.

„Не верувам.“

„Се сомневам дека се промени.“

„Ќе не стрижат како да сме овци и тоа ќе биде.“

Иако не веруваат дека одлуката на надлежните ќе се промени доколку иницијативата за собирање потписи успее, граѓаните велат дека и покрај сè, ќе дадат поддршка за сè што е во нивен интерес.

„И давеникот има последна надеж да се фати за сламка. Можеби.“

Откако ќе се соберат потребните потписи, иницијативата ќе влезе во собрание, а од здружението веруваат дека нема да има ниту еден пратеник кој би гласал против предложената иницијатива.

„Се надеваме дека нема да има некој ’храбар‘ пратеник што ќе гласа против овој закон, бидејќи, според нас, после тоа нема да има храброст да се појави пред граѓаните“, вели Гочев.

Собирањето на 10.000 потписи, ќе трае секој работен ден од 08:30 до 16:30. На социјалните мрежи стои повикот на АМАН до граѓаните да се потпишат на повеќе од 34 места во поголемите градови ширум земјава.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG