Достапни линкови

logo-print

Земјотрес и цунами во Јапонија, нема жртви


Силен земјотрес, со јачина од 7,3 степени, го погоди северо-источниот брег на Јапонија, предизвикувајки цунами од еден метар. Засега нема извештаи за повредени или материјална штета. Станува збор за истиот регион, кој беше катастрофално погоден од земјотресот и цунамито на 11-ти март 2011-та година, кога загинаа околу 19.000 луѓе, а беше предизвикана и хаварија во нуклеарната централа Фукушима.
XS
SM
MD
LG