Достапни линкови

Македонија не е на официјалната траса на Јужниот крак


Рутата на Јужниот крак, според Газпром од декември 2012-та

Рутата на Јужниот крак, според Газпром од декември 2012-та

Русија денеска формално ја започнува изградбата на Јужниот крак на гасоводот кон јужна и централна Европа. На церемониите во Анапа на брегот на Црно Море, присуствува и претседателот Владимир Путин. Газпром соопшти дека изградбата на делот кој оди под вода, ќе започне оваа недела, но, според експертите, подводната изградба не може да започне толку бргу. Предвидено е Јужниот крак да оди од Црно Море кон Бугарија, а потоа и до Србија, Унгарија, Словенија и Австрија, каде што ќе се спои со главниот европски гасовод. Европската Унија соопшти дека сеуште не ја знае деталната рута на овој проект.
XS
SM
MD
LG