Достапни линкови

logo-print

Најавени нови протести во Каиро


Подржувачите и противниците на египетскиот претседател Мухамед Морси и за денеска планираат масовни протести во Каиро, со што кризата во земјата може да се интензивира. Неколку опозициони групи соопштија дека ќе протестираат по петочната молитва со што го игнорираат повикот на претседателот Морси за политички дијалог. Морси вчера изјави дека декретот со кој тој сам си ги прошири овластувањата, ќе биде укинат веднаш по референдумот за новиот устав на земјата, што е закажан за 15-ти овој месец, без оглед на исходот.
XS
SM
MD
LG